Пауло Дибала не потпиша за Милан, се сели во Премиерлигата

Пауло Дибала ова лето како слободен агент ќе го напушти Јувентус, откако клубот реши да не му понуди нов договор. Иако шпекулациите го поврзуваа со потпис за лутиот ривал Милан, Аргентинецот сепак има други планови. 

Њукасл е сериозно заинтересиран за Дибала и е подготвен да му понуди огромна плата за да потпише за клубот. Тој би требало да е првата ѕвезда на летниот преоден рок за еден од најбогатите светски клубови, кој има високи амбиции.

Дибала од 2015 година игра во таборот на гигантот од Торино, но изминативе две сезони неговата форма сериозно опадна. Тука беа и честите повреди, па Јувентус реши да не ја продолжува соработката.