Парма е на потег: Интер сака да плати 35 милиони евра за Кулушевски

Интер беше елиминиран од Лигата на шампиони,па на пролет ќе продолжи со европските возбудувања во Лига Европа, а уште сега тренерот Антонио Конте мисли на јануарскиот преоден рок и потенцијални засилувања.

На листата со желби на Конте за јануарскиот преоден рок се неколку фудбалери, а италијанските медиуми пишуваат дека Дејан Кулушевски е еден од нив.

Интер се согласил да плати 35 милиони евра за Кулушевски, а иако тоа е добра понуда за Аталанта, но проблем може да направи Парма, каде што фудбалерот игра на позајмица.

Кулушевски досега за Парма одигра 13 натпревари и постигна три гола и пет асистенции.