Паредес и Сарабија го однесоа ПСЖ во четвртфинале на Купот (ВИДЕО)

ПСЖ успеа да слави со 2-0 во францускиот Куп против ФК По во осминафиналето благодарение на погодоците на Леандро Паредес и Пабло Сарабија.

Паредес по само 25 минути игра ја погоди мрежата на противничкиот тим, а Сарабија во 53. минута ги постави конечните 2-0 на мечот.