Паника во Италија: Милан го откажа пресот поради коронавирусот!

Милан требаше да одржи прес-конференција пред мечот против Џенова, која се игра в недела од 12.30 часот, но од управата на клубот решија да ја откажат поради вонредната состојба во Италија поради коронавирусот.

Клубот објави дека морале да ја откажат прес-конференцијата поради вирусот и страв од истиот, па интервјуто со тренерот ќе биде објавено дополнително на сајтот на клубот.

Натпреварите викендов во Италија се играат пред празни трибини, а в недела е закажно и дербито меѓу Јувентус и Интер.