Пандев знаел и со десна нога: Прекрасен гол од 18 метри (ВИДЕО)

Горан Пандев го постигна својот осми сезонски гол во Серија А, откако ја намали негативата на неговиот тим на 2-1 на гостувањето кај Удинезе.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација влезе во игра во 59-тата минута, а голот го постигна во 81-та минута.