Пандев стигна до петтиот гол сезонава – рутински ја погоди мрежата на Торино (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна својот петти гол сезонава во дресот на Џенова, откако попладнево на десет минути пред крајот на мечот со Торино, погоди во мрежата за да ја намали предноста на гостите на 1-2.

Пандев рутински го совлада голманот на „биковите“, откако дојде топката до него по една акција на Џенова, па за крај на сезоната Пандев се запиша уште еднаш во листата на стрелците.

Според најавите Пандев и во следната сезона ќе го носи дресот на овој италијански калчолигаш каде игра веќе три години.