Пандев ја одржува Џенова во живот - и на Рома ѝ даде гол (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, е во одлична форма, а тоа најдобро го покажа на денешниот натпревар против Рома, каде постигна гол по киксот на деванзивците на „Волчицата“.

Со овој гол на Пандев во 45. минута го „врати во живот“ својот тим и намали на 1-2, резултат со кој се замина на полувреме, а во вториот дел Џенова ќе се обиде да остане непоразена на домашен терен.

Претходно, за тимот од Рим погодија Ундер во 6-тата и Бираски (автогол) во 44 минута, но овој гол на Пандев и дава надеж на домаќините дека можат да дојдат до поволен резултат против фаворитот.