Пандев остана без тренер: Џенова му врачи отказ на Андреацоли

Џенова е претпоследна на табелата во Серија А со само пет освоени бодови, па очекувано беше дека тренерот Аурелио Андреацоли ќе добие отказ. 

65-годишниот тренер дојде во Џенова во јуни годинава, откако за малку не обезбеди опстанок со Емполи во Серија А. Клубот веќе е во потрага по нов предводник од клупата.

Италијанските медиуми шпекулираат дека поранешниот играч на Џенова, Тијаго Мота ќе биде назначен за нов тренер. Ова може да се добри вести и за нашиот репрезентативец Горан Пандев, бидејќи со Мота беа соиграчи во Интер.

Андреацоли не му даваше голема минутажа на ветеранот, кој го почна мечот против Парма во неделата кога Џенова загуби со убедливи 5-1.