Пандев: Наполи е идеален тим за Елмас!

Само прашање на ден е кога македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас и официјално ќе стане најскапиот наш фудбалер во историјата и ќе направи трансфер од Фенербахче во италијанскиот првак Наполи, вреден речиси 20 милиони евра сосе бонуси.

Според најавите од Италија неделава треба и официјално да биде комплетиран трансферот на младиот фудбалер, а капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев за „Скај Спорт“ посочи дека Наполи е идеален тим за Елмас.

„Елиф е меѓу најдобрите млади фудбалери во Европа. Јас разговарав со Елмас, не кажа ништо посебно, но ќе биде среќен ако дојде во Италија. Може да игра на сите позиции во средина, има добар преглед на топка, може да игра и како офанзивен фудбалер за врска. Ако Наполи го ангажира, ќе направи голема работа“, изјавил Пандев.

Пандев е поранешен фудбалер на Наполи, кој после една неуспешна авантура во Галатасарај, се врати на Апенините и сега ќе ја игра петтата сезона во најстариот италијански клуб Џенова. Доаѓањето на Елмас во Серија А ќе го направи третиот Македонец во најсилната италијанска лига, покрај Пандев и Илија Несторовски, кој е пред официјализација на трансферот како слободен играч во Удинезе, откако Палермо беше исфрлен во четврта лига.