Пандев и Џенова освоија само бод против Верона

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не успеа со Џенова да ја запише втората победа сезонава, па дојде само до бод на гостувањето кај Верона.

Пандев имаше добра шанса во првото полувреме, но не успеа да ја затресе противничката мрежа, по што доби и жолт картон во 42. минута.

Џенова по три одиграни меча во Серија А има по една победа, реми и пораз и се наоѓа на 11. место со четири бодови.