Пандев: Чист пенал врз мене, голема грешка на ВАР!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев синоќа ги одигра последните 25 минути од мечот во Рим против Рома за својата Џенова, но на крајот мораше да се задоволи со пораз со 2-3, иако врз него имаше очигледен пенал во 93-та минута од мечот.

Пандев имаше една одлична шанса, но ударот од седум метри заврши над голот, а во 93-та минута се најде во шанса при акцијата на џеновјаните, но беше турнат од Флоренци. Сепак, судијата реши дека нема елементи за пенал, а не беше консултирана ви видео-технологијата ВАР, со што ги разбесни сите во Џенова.

„Чист пенал! Барав да има 'ривју' со ВАР. Сето тоа беше грешка на судиите. Тоа е голема грешка и многу ми е жал. Не заслуживме да загубиме. Требаше да освоиме бод(ови)“, вели Пандев за спортниот момент.

Македонскиот репрезентативец повторно не беше стартер, а ова е втор меч за Чезаре Прандели на клупата на Џенова, која одигра фантастично, двапати водеше, ВАР им поништи и трет гол... И на крај загубија од „волчицата“.

„Милев дека ги имаме, дадовме два гола до полувреме, имавме шанси, ни оставија многу простор, требаше да дадеме и трет, но ни недостигаат бодови. Има уште многу да се игра, треба да освојуваме бодови“, додаде Пандев.