Палермо пред банкрот: Што ќе се случи со Несторовски и Трајковски?

Екипата на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски се наоѓа во тешка ситуација, откако преговорите со бизнисменот Рафаело Фолиери за преземање на тимот пропаднаа во последен момент.

„Ла Република“ пишува дека синоќа Фолиери имаше долга прес-конференција во која објасни дека преговорите со Палермо завршиле негативно, односно дека нема да го преземе клубот и тоа им направи проблеми.

Палермо се соочува со банкрот, доколку во следниот период не ги подмири обврските кон членовите на екипата, па извршниот директор Емануеле Фачиче најверојатно ќе се обиде да пронајде нов бизнисмен, кој ќе сака да го преземе Палермо.

Од друга страна, Палермо е одличен во италијатанската Серија А, па има 38 бода, односно ден помалку од лидерот Бреша и покрај тешкиот период во кој се наоѓа, а доколку биде прогласен банкрот, тогаш останува нејасна иднината на македонските репрезентативци.