Пак се појави коронавирус во Премиерлигата

Премиерлигата и официјално продолжува на 17 јуни, а играчите и членовите на сите тимови беа тестирани на коронавирус по петти пат. Иако во четвртио круг немаше заразени, но за жал тоа се промени овој пат.

Сега, биле тестирани дури 1.197 лица од сите клубови, а резултатите покажале дека едно лице е заразено. Фудбалската асоцијација потврди дека станува збор за член на Тотнем, но не сакаа да откријат дали е фудбалер, тренер или член на струлчниот штаб.

Тотнем веднаш потврди дека едно лице од нивниот клуб е заразено и дека веднаш било пренесено во карантин. Ова нема значително да го наруши тимот бидејќи остатокот од екипата ќе продолжи со тренинзите.