Падот на Лампард почнал по караницата со најмоќната жена во светот на фудбалот?

Познатиот „Атлетик“ открива детали за тоа што се случувало во поранешниот англиски шампион и зошто Франк Лампард доби отказ по 18 месеци минати на кормилото на Челси.

Претседателот на Челси, Роман Абрамовиќ неколку пати докажа дека не му е тешко да го промени тренерот, па по лошите резултати на Лампард беше само прашање на време кога ќе добие „клоца“ од „Стемфорд бриџ“.

Лампард минатата сезона го освои четвртото место и се пласираше во финалето на ФА-купот, но сезонава Челси игра катастрофално, иако потроши дури 247 милиони евра на засилувања.

Многу важна улога во отказот на Лампард одиграла и директорката на тимот, Марина Грановскаја, која важи и за најмоќната жена во светот на фудбалот, а нивниот однос се нарушил уште пред 12 месеци.

Лампард и минатиот јануари сакаше засилувања, но желбата не му беше исполнета, а освен тоа, тренерот од првиот тим го тргна најскапиот голман во светот Кепа Аризабалага.

И покрај инсистирањето на управата и Грановскаја, Лампард реши да не му дава голема минутажа на Кепа и на крајот успеа да донесе нов голман, односно Едуард Менди од Рен за 24 милиони евра.

Вториот проблем помеѓу Лампард и раководството било барањето на поранешниот фудбалер да го купат Деклан Рајс од Вест хем, но неговата желба на крајот не беше исполнета.

На крајот најголем проблем беа резултатите, а „Атлетик“ пишува дека и фудбалерите му го свртеле грбот на Лампард, па едноставно отказот за легендата на Челси беше неизбежен.