Падна нов потпис во Лондон: Челси се засили со десен бек (ФОТО)

Англискиот гигант Челси продолжи со засилувањата во зимскиот преоден рок, па така денеска го претставија својот најнов фудбалер, Мало Густо.

Челси се договори со Лион за трансфер на Густо, кој сепак ќе остане на позајмица до крајот на сезоната во францускиот гигант, по што во јули ќе се пресели во Лондон.

Трансферот на Густо е вреден 30 милиони евра плус бонуси, додека младиот фудбалер потпиша договор на седум ипол години со „сините“.