Пациент на денот: Морено промаши цел гол од метар ипол! (ВИДЕО)

Севилја славеше со 1-0 против Вилјареал во мечот од 16. коло во шпанската Ла Лига, но натпреварот го одбележа огромното промашување на Жерар Морено.

Морено по додавање од својот соиграч остана сам пред голот на Севилја на два метри и сите очекуваа да постигне гол, но напаѓачот на „жолтата подморница“ успеа да промаши.