Озил ќе игра бесплатно за Фенербахче до крајот на сезоната!

Месут Озил пред неколку дена потпиша официјален договор со Фенербахче, па така ја заврши својата авантура во Арсенал, каде што не добиваше премногу шанса во претходниот период.

Озил го исполни својот детски сон и потпиша за Фенербахче, каде што треба да биде прва ѕвезда на тимот, но и некој кој ќе треба да им даде пример на помладите фудаблери.

Долго време се шпекулираше за деталите од трансферот на Озил во Фенербахче, а сега турските медиуми ги открија во јавност.

Поранешниот германски репрезентативец ќе игра бесплатно до крајот на сезонава, а притоа добил бонус за потпис на договор од 550.000 евра.

Од следното лето Озил ќе има тригодишна соработка според која ќе заработува по три милиони евра годишно, а што се однесува до Арсенал, тие нема да дбјат ниту евро за заминувањето на фудбалерот.