Овермарс откри што ќе се случи со талентираниот стопер на Ајакс

Барселона минатото лето се засили со Клемен Ленгле на стоперската позиција, но тој не се покажа најдобро, па сега Каталонците сакаат новиграч на таа позиција, а токму Матијас де Лит од Ајакс е идеално решение.

Ајакс за неговиот трансфер најверојатно ќе добие огромни пари, но засега не сакаат да го продадат Де Лит, а тоа го потврди и спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

„Шансите Де Лит да го напушти Ајакс во јануари се нула проценти“, кажа Овермарс.

Де Лит има договор со гигантот од Холандија до 2021. година, а клубот може да ја продолжи соработката на уште една година.

Инаку, за стоперот интерес покажаа и уште неколку европски гиганти, меѓу кои најзаинтесирани се Манчестер сити и ПСЖ.