Ова ќе биде трансфер на столетието: Буфон ја продолжува кариерата во Јужна Америка

Џанлуиџи Буфон веројатно ја игра последната сезона во дресот на Јувентус, но информациите во италијанските медиуми се дека тој всушност нема да ја заврши кариерата.

Аргентинскиот клуб Бока Јуниорс планира да го ангажира ветеранот и да му понуди едногодишен договор. Славниот тим од Буенос Аирес е во потрага по квалитетен голман, а Буфон е нивна примарна цел откако добија „корпа“ од Серхио Ромеро и Вили Кабалјеро.

Бока и Јувентус имаат одлична соработка изминативе години, бидејќи од таборот на аргентинскиот клуб во Торино се преселија Карлос Тевез и Родриго Бентанкур.

Ова секако би бил сензационален трансфер, доколку се реализира. Буфон и на 40 години покажува дека и натаму е еден од најдобрите светски голмани, па може да се впушти во една последна авантура пред официјално да се повлече од фудбалот.