Ова го можат само најдобрите: Маестрален погодок на Горан Пандев од речиси половина терен (ВИДЕО)

Екипата на Џенова води со 0-2 по првото полувреме на гостувањето кај Лече, а стрелец на првиот гол за гостите беше македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев.

Пандев одлично ја искористи грешката на противничкиот голман Габриел, кој излезе од својот гол во обид да интервенира пред Пинамонти, но топката стигна само до Пандев кој од 40-тина метри погоди за водство на својот тим. Инаку, ова е единствениот гол кој е постигнат оваа сезона од толкава далечина.

Во судиското продолжение од првиот дел Џенова поведе и со 0-2, а прецизен од белата точка беше Кришито.