Откриено колку пари понудил Реал Мадрид за Азар

Реал Мадрид ја испрати првата понуда до Челси за нивната ѕвезда Еден Азар, но истата беше одбиена, по што англиските медиуми открија колку изнесувала.

„Кралевите“ понудиле 60 милиони фунти за Белгиецот, но таа сума веднаш била одбиена од раководството на Челси, кое не сака да преговара за понуда помала од 100 милиони фунти.

Челси се наоѓа во навистина тешка ситуација, откако добија забрана за трансфери во наредните два преодни рока, па не смеат сега да си дозволат да го загубат Белгиецот.