Откриено кој е најголемиот „крвник“ на Мурињо

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, по неговите катастрофални резултати сезонава, а тоа го потврди и клубот со соопштение на официјалната веб-страница.

Јунајтед во последно време изгуби многу натпревари, но на крајот испадна дека на Мурињо му пресудил поразот од Ливерпул со 1-3, односно од тренерот Јирген Клоп.

Интересно е тоа што Клоп повторно е „причина“ за отказот на Мурињо, откако веќе еднаш во Реал Мадрид, Португалецот доби отказ по поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони. Тогаш германскиот гигант го победи Реал со 4-1, а токму нивни тренер беше Клоп.

Клоп две години подоцна му стави крај на Мурињо и во Челси, откако на крајот на 2015 година Ливерпул го победи Челси со 3-1, па Португалецот мораше да си замине од „Стемфорд бриџ“.