Откриени условите поради кои Чави не се врати во Барселона

Откако Ернесто Валверде доби отказ на „Камп Ноу“, шпанска Барселона сакаше да го врати легендарниот Чави на тренерската позиција, но иско речиси сè беше договорено, на крајот целата операција пропадна, а Кике Сетиен од Бетис ја презема каталонската гордост.

Радиото „Кадена Сер“, кое важи за доста релевантно и вообичаено објавува проверени и точни информации, сега откри каде запнала работата со Чави и зошто легендарниот фудбалер за врска, кој моментно е тренер во Катар нема во брзо време да се врати во својата матична Барселона.

Чави на Каталонците им поставил неколку услови, кои Барса практично не ги прифатила и затоа пропаднала работата. Првиот услов бил да дојде на лето за да има доволно време да ги склопи коцките. Сепак, Барселона не сакала да прифати да бара привремено решение од јануари до мај, за потоа Чави да се врати.

Второто барање било ако се врати да има комплетна контрола над спортскиот сектор, нешто налик англиските менаџери во Премиерлигата. Третото барање било неговиот бивш колега Карлес Пујол да се врати во Барселона и тоа на функцијата што ја има Ерик Абидал, па да биде еден вид врска помеѓу играчите и управата.

Четвртото барање му било да се смени лекарскиот оддел, а неговиот брат Оскар исто така да влезе во стручниот штаб.

Според информациите, ништо од барањата Барселона не прифатила, па залудни биле трите дена преговори и на крај Каталонците се решиле за Сетиен.