Откриена листата на желби на Зидан за да седне на клупата на Челси (ФОТО)

Откако англиски медиуми објавија дека француската легенда и бивш кормилар на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да го преземе лондонски Челси, но има два големи услови за Роман Абрамович за такво нешто, објавена е и листата на желби кои ги има некогашниот фудбалски виртуоз за да има тим за трофеи со „сините“.

Зидан поставил услов Челси да го задржи Еден Азар, за кого Реал Мадрид по секоја цена сака да го донесе, а и Белгиецот има желба да игра за „кралевите“, а вториот е да добие над 200 милиони фунти за засилувања и сам да ги избере тие играчи. На листата на Зидан се само четири имиња кои заедно ќе чинат 291 милион фунти

Станува збор за Мауро Икарди, напаѓачот на Интер, кој во последно време е во немилост кај навивачите на „нераѕурите“. Втората желба е Калиду Кулибали, сенегалскиот стопер од Наполи, за кој Манчестер јунајтед исто така по секоја цена сака да го купи. Трет е шпанскиот репрезентативец Иско, кој е на излезна врата од Реал. Четвртиот е Алекс Телеш, левиот бек на Порто за кого 35 милиони фунти би требало да бидат доволни за да дојде на „Стемфорд бриџ“. Со овие четворица Зидан верува дека ќе има тим за титула, па и за битка за европски трофеј.

Сооглед дека бара 200 милиони фунти од управата, останатите 91 милион тој планира да ги собере со продажба на Калум Хадсон Одои, за кого Баерн Минхен по секоја цена го посакува, Маркос Алонсо, Педро, Вилијан, Андреас Кристијансен, Мичи Батшуаи и Тами Абрахам. Сите овие би се нашле на трансфер-листата, на која секако за продажба ќе бидат и фудбалерите што практично немаат минутажа или играат на заем како Курт Зума, Давиде Ѕапакоста, Тимуе Бакајоко, Дени Дринквотер...