Откако ги „тресна“ Лацио и Интер: Пандев добива нов договор од Џенова

Со доаѓањето на Давиде Балардини на клупата на Џенова, Горан Пандев добив поголема минутажа и поголема доверба, која ја искористи на најдобар можен начин.

Тимот кој беше во опасност од испаѓање сега сигурно чекори кон средината на табелата по двете големи победи против Лацио на гости и и против Интер на домашен терен. Нашиот најдобар фудбалер стрелаше на двата натпревари по еднаш против своите поранешни екипи.

Токму поради фантастичните игри италијанските медиуми пишуваат дека Џенова е подготвена да му даде нов договор на Македонецот. Неговиот актуелен договор со „грифони“ истекува во јуни, откако минатото лето потпиша едногодишен договор.

Се очекува Џенова повторно да му понуди соработка на една сезона, но со подобрени лични услови. Пандев моментално заработува 800.000 евра годишно.