Осум вработени во Аталанта починале од коронавирусот: Ова е како да сме во војна!

Невидена трагедија, налик на светска војна, го погоди Бергамо и извонредниот калчолигаш Аталанта, четвртфиналист во Лигата на шампионите во оваа сезона, откако пандемијата со коронавирусот жестоко го погоди овој град во Ломбардија, а сега дури осум вработени во овој калчолигаш се жртви од новиот опасен Ковид-19.

Бергамо не може да ги доброи жртвите, а главен причинител за развојот на страшната епидемија беше мечот во ЛШ со Валенсија, кој се одигра на „Сан Сиро“ во втората половина на февруари, а на кој дојдоа 45.000 жители од овој град и навивачи на Аталанта. Таа билолошка бомба, како што ја посочија епидемиолозите, направи ршум во 120-илјадниот град, еден од најпогодените во северна Италија.

Првиот човек на бергамашите, Антонио Прекаси, ги откри страшните вести од трагедијата што му се случува и на клубот во овој период.

„Ние се соочуваме со невидена трагедија, во кога сите генерации се погодени. Вирусот удира и на младите. Се бориме со невидлив непријател, ова е како во светска војна. Во овие десет години растевме постепено, стабилно и денеска сме меѓу осумте најдобри во Европа, а се надевам дека успесите ќе донесат радост на нашите луше кои доживуваат невидена трагедија во вакви тешки и црни денови. Луѓето во Бергамо покажуваат силен карактер во овие тешки денови“, вели Прекаси.

Над 70 илјади заразени и 10.000 починати е билансот од пандемијата на коронавирус на Апенините, за која нема знаци дека ќе се смири.