Осум уапсени и девет хоспитализирани по битката на фановите на улиците низ Џенова

Градските ривали Џенова и Сампдорија се сретнаа во меч од Купот на Италија, а тоа донесе и големи инциденти меѓу фановите на двата тима.

Италијанските медиуми денеска пишуваат за епилогот од инцидентот. Има осум уапсени, најмалку 15 со значителни повреди, а девет од нив се во болница.

Двата тима се немаа сретнато речиси две години, ултрас фановите на двата тима конечно дочекаа меѓусебен дуел, но ги поминаа границите.

Сампдорија ја победи Џенова на пенали и оди во следното коло од Купот на Италија, мечот во регуларниот тек заврши 1-1.