Онјекуру пред пред портите на Баерн

Нов играч на Баерн Минхен би требало да биде нигерискиот напаѓач Хенри Онјекуру, кој во моментов е под договор со Евертон. Станува збор за 21- годишен крилен фудбалер кој Евертон сезонава го даде на позајмица во Галатасарај.

Баерн и Евертон наводно се договориле околу договорот и Онјекуру во наредниот период би требало да стане нов член на Баварците. Нигириецот сезонава игра во одлична форма. Тој на 43 натпреварит за Галатасарај, постигна 16 голови, но запиша и шест асистенции.