Солшер е подобар од Фергусон во еден статистички податок

Сер Алекс Фергусон е според многумина најдобриот стратег во историјата на Манчестер Јунајтед. Но, во еден статистички податок актуелниот предводник на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солшер е подобар од легендарниот тренер на Јунајтед. 

Манчестер Јунајтед оваа сезона успеа да ги победи Арсенал, Челси и Тотенхем на гостински терен, најтрофејниот англиски тим тоа го нема направено уште во сезоната 1984/85.

Норвежанецот се уште не е сигурен на тренерското столче на Јунајтед за наредната сезона, но доколку „црвените ѓаволи“ продолжат во овој ритам, тогаш нема „зима“ за Солшер.