„Олд Трафорд“ е спремен за спектакл (ФОТО)

Вечерашниот дуел помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ сигурно ќе привлече најголемо внимание кај спортската јавност. Тоа ќе биде судир на екипи со голем број на ѕвезди во своите тимови, а тревникот на „Олд Трафорд“ е подготвен да ги „истрпи“ сите жестоки дуели. 

Стадионот во Манчестер е спремен на три часа пред почетокот на натпреварот, се очекува да биде полн до последното место и „црвените ѓаволи“ да имаат огромен „ветер“ во грбот.