Окампос херој на Севилја: „Жолтата подморница“ продолжува да тоне (ВИДЕО)

Севилја со минимални 1-0 го совлада Вилјареал во рамки на 16.коло во Ла Лига. 

Човек на одлука за домашниот тим беше Лукас Окампос, кој погоди во 16.минута од натпреварот. За „жолтата подморница“ ова беше трет пораз на последните пет првенствите натпревари и по комплетирањето на колото можено е дополнително падне на табелата под сегашното 12.место.

Севилја со денешните три бода привремено е втора на табелата зад Реал Мадрид и пред Атлетико и Реал Сосиедад.