Официјално: Жута му стана соиграч на Јаховиќ во Коњаспор! (ФОТО)

Македонскиот интернационалец, Леонард Жута, кој настапуваше за хрватска Риека, реши да го промени клубот и да се приклучи на турски Коњаспор, каде што настапува уште еден интернационалец, Адис Јаховиќ.

Жута играше три ипол сезони во хрватскиот шампионат и одигра 139 натпревари во дресот на Риека, а со новиот договор треба да остане до крајот на сезоната 2020/21 во Коњаспор.