Официјално: Сосиедад грабна талентиран играч на Реал Мадрид (ФОТО)

Реал Сосиедад потврди на својот официјален веб-сајт дека играчот на Реал Мадрид, Тео Ернандез, наредната сезона ќе ја помине кај нив како позајмен фудбалер.

Позајмицата ќе важи една година, а дефанзивецот го помина лекарските прегледи, па се очекува да биде претставен во наредните неколку дена.

На „Сантјаго бернабеу“ немаше место за левиот бек бидејќи прва опција е Марсело, а за младиот играч беше заинтересиран и Фулам.

Меѓутоа, екипата на Фулам не успеа да го ангажира, па Ернандез ќе остане во Примера.