ОФИЦИЈАЛНО: Серија А одложи три натпревари поради коронавирусот

Вчера во Италија почина втората личност поради коронавирус, па власите веднаш реагираа и откажаа многу спортски настани во северот на државата, меѓу кои и три натпревари од Серија А.

Одложени се дуелите Интер - Сампдорија, Верона - Калјари и Аталанта - Сасуоло. 

„Министерот за спорт Винченсо Спадафора има намера да ги суспендира сите спортски настапи во регионот на Венето и Ломбардија“, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте. 

Октажани се многу натпревари и во пониските фудбалски лиги, како и во женскиот фудбал. Неколку градови во Ломбардија се во своевиден карантин, затворени се училиштата и сите јавни згради и побарано е од граѓаните да останат во своите домови.

Засега нема информација кога ќе се одиграат овие одложени фудбалски натпревари од Серија А.