Официјално: Реал Сосиедад го потпиша суперталентираниот напаѓач на Дортмунд! (ФОТО)

Реал Сосиедад потврди, доскорешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Александер Исак е нов член на баскискиот клуб. Според информациите на шпанските и германските медиуми, клубот од „Сан себастијан“ за напаѓачот платил 10 милиони евра.

Шведскиот репрезентативец не се изнаигра на „Сигнал Идуна Парк“, па „Милионерите“ го испратија на позајмица во холандскиот Вилем втори, каде на 16 настапи постигна дури 13 голови и запиша осум асистенции.