Официјално: Пандев за тренер во Џенова доби поранешен соиграч од Интер (ФОТО)

Како што се шпекулираше во претходните денови во италијанските медиуми, Тијаго Мота денеска беше претставен како нов тренер на Џенова, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Пандев и Мота играа заедно во Интер од 2010 до 2012 година, а сега поранешниот фудбалер ќе му биде тренер на Македонецот во Џенова, која не ја почна сезоната најдобро, поради што и тренерот Андреацоли доби отказ.