Официјално откриена причината за несреќата на газдата на Лестер

Нешто повеќе од еден месец откако големата трагедија со смрта на газдата на премиерлигашот Лестер, Вичај Ширвадханапраба го потресе светскиот фудбал, конечно е откриена причината за хеликоптерската несреќа во која загина човекот кој беше најзаслужен за бајката на Лестер и шампионската круна во 2016 година.

Како што објавија англиските медиуми, по истрагата на целата несреќа, причина за падот биле педалите во хеликоптерот кои ги контролираат задните перки на роторот. Истражителите утврдиле дека педалите не работеле и биле исклучени со роторот, па пилотот на хеликоптерот на тој начин ја изгубил контролата и се урнал 200 метри по полетувањето од центарот на стадионот „Кинг Пауер“ во близина на домот на Лестер.

Истражителите уште пред повеќе од три недели објавија дека дошле до документи за проблеми за овој тим ха хеликоптери што ги имале со перките на опашот и се наочиле кон истрагата на тој дел, па сега конечно официјално ја утврдиле причината за падот во која животот го загубија пет лица, меѓу кои и газдата Вичај.

Тајланѓанецот беше човекот кој во Лестер сите го обожуваа поради својата несебичност и социјалната димензија со инвестиции во сите сектори во градот, а фудбалскиот клуб го направи премиерлигашки првак.