Официјално: Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед!

Веќе долго време се шпекулираше дека искусниот тренер Жозе Мурињо ќе си замине од Манчестер јунајтед по лошите резултати во екипата, а конечно се случи тоа, откако утрово клубот објави официјално соопштение за отказот на Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ му се заблагодарија на Мурињо за времето поминато во клубот и му посакаа успех во иднина. Португалецот беше познат по неговите посојани изговори за лошите резултати, па често ја критикуваше управата на клубот, а имаше лоши односи и со ѕвездата на тимот, Пол Погба.

„Клубот сака да му се заблагодари на Мурињо за неговата работа во Манчестер јунајтед и му посакува успех во иднина. Новиот привремен тренер ќе биде вработен до крајот на сезоната, додека тимот ќе се обиде да ангажира нов тренер на лето“, пишува во соопштението.