Официјално: Мората парафираше со Јувентус по втор пат во кариерата

Алваро Мората од вечерва е нов фудбалер на Јувентус и се враќа во тимот во кој играше од 2014 до 2016 година. 

Шпанскиот голгетер доаѓа во Торино на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид, а Јувентус треба да плати 10 милиони евра обештетување. Во неговиот трансфер има можност за продолжување на позајмицата на уште една сезона за дополнителни 10 милиони евра, а италијанскиот шампион може целосно да го откупи неговиот договор од Мадрид за 45 милиони евра идното лето.

„Моите две претходни години во Јувентус беа прекрасни. Бев момче кога пристигнав тука, а си заминав како вистински фудбалер. Најсилната точка на овој клуб е тоа што функционира како семејство. Заедно се радуваме и заедно тажиме“, рече Мората.