Официјално: Милик си замина од Наполи и се пресели во Франција!

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик го напушти Наполи и нема повеќе да му биде соиграч на македонскиот фудбалер Елиф Елмас во италијанскиот тим, откако потпиша договор со Олимпик Марсеј.

Милик ги мина медицинските прегледи, па во следната година ипол ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Марсеј, додека францускиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор.

Полјакот во Наполи играше четири ипол години, а притоа постигна 48 голови во 122 настапи за екипата од Неапол.