Официјално: Милан потпиша договор со босански голман (ФОТО)

Поранешниот голман на Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ официјално потпиша договор со Милан, а таа информација беше потврдена и на сајтот на италијанскиот тим.

Беговиќ пристигнува на позајмица од Бормут до 30 јуни 2020 година, а во својата богата кариера има настапувано уште и за Стоук, Челси, Карабаг и многу други клубови.

За босанската репрезентација дебитираше во 2009 година и има 62 настапи.