Официјално: Манчестер сити се засили со Торес! (ФОТО)

Манчестер сити го потврди трансферот на Феран Торес од Валенсија. Младиот фудбалер потпиша петгодишен договор, па се очекува да остане во премиерлигашот до 2025 година.

Торес минатата сезона во дресот на Валенсија запиша 44 настапи, а притоа постигна шест голови.

„Многу сум среќен затоа што дојдов тука. Секој фудбалер сонува за тоа да биде вклучен во напаѓачки фудбал каков што игра Манчестер сити. Го сакам начинот на кој Гвардиола сака да игра Сити, а морам да кажам дека мој голем сон беше да работам со него“, кажа Торес.