Официјално: Јунајтед ангажираше репрезентативец на Велс (ВИДЕО)

Манчестер јунајте денеска го претстави своето прво засилување, а станува збор за репрезентативецот на Велс, Даниел Џејмс, кој пристигна од Свонси за сума од 20 милиони евра.

Џејмс е крилен фудбалер, а неговото пристигнување е доказ дека Оле Гунар Солшер сака да ја подмлади екипата, која ја има на располагање на „Олд Трафорд“.

Талентираниот репрезентативец на Велс потпиша петгодишен договор, со опција да ја продолжи соработката на уште една година.