Официјално: Елмас доби нов тренер во Фенербахче (ФОТО)

Фенербахче денеска официјално го назначи Филип Коку за нов тренер на тимот. Холандската фудбалска легенда ќе го замени Ајкут Кочаман, кој не се прослави минатата сезона на клупата на гигантот од Истанбул. 

Коку имаше успешна тренерска кариера на клупата на ПСВ, каде осви три шампионски титули во холандското првенство, два холандски Суперкупа и еден Куп на Холандија.  

Назначувањето на Коку можеби е добра шанса за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој не беше омилен кај Кочаман и не добиваше премногу минутажа во својата дебитантска сезона во турскиот гигант. Со оглед на фактот дека Холанѓанецот е тренер кој форсира исклучиво офанзивен фудбал, Елмас би можел да профитира од неговата работа во Фенербахче.