Официјално: Дербито за титула во Италија пред празни трибини, како и сите други мечеви!

Минатиот викенд во Серија А не беа одиграни неколку натпревари поради коронавирусот, кој се појави на северот на Италија. Спортските настани на тој дел од територијата беа одложени, а вирусот им направи големи проблеми на организаторите.

Од управата на Серија А испратија барање за да им се одобри играње на натпревари пред празни трибини следниот викенд, поради густиот распоред на спортски настани, а нивното барање беше одобрено.

Италијанските медиуми објавија дека натпреварите во Серија А ќе бидат одиграни во текот на следниот викенд, па така ќе го гледаме дербито за титулата меѓу Јувентус и Интер без публика, кое е на распоредот во недела на први март.

Исто така, претходно УЕФА одби да го одложи реваншот меѓу Интер и Лудогорец во Лига Европа, па средбата ќе се одигра без присуство на навивачи на „Џузепе Меаца“.