Официјално: Арон Ремзи потпиша за Јувентус (ФОТО)

Како што најавуваа англиските медиуми, фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи потпиша договор со Јувентус, каде што ќе се пресели наредното лето бесплатно.

Ремзи долго време се поврзуваше со трансферо во „Старата дама“, но досега не се пресели, па денеска на социјалните мрежи беше потврден неговиот трансферот.

Фудбалерот од Велс потпишал четиригодишен договор, со неделна плата од 400.000 фунти и така ќе стане втор најплатен фудбалер во италијанскиот гигант и во италијанската Серија А.