Официјално: Алисон Бекер во Ливерпул до 2027 година!

„Единицата“ на англискиот великан Ливерпул, Алиосон Бекер денеска потпиша нов договор со „црвените“ и останува прв чувар на мрежата до 2027 година.

Алисон е третито фудбалер од актуелниот погон на Јирген Клоп кој ја продолжува соработката со Ливерпул после Трент Александер-Арнолд и Фабињо. Бразилецот дојде во Ливерпул во летото 2018 година од Рома, а во изминативе три години беше еден од клучните фудбалери за освојувањето на шестата европска круна на „црвените“ и на првата премиерлигашка титула по пауза од 30 години.

„Јас и семејството сме многу среќни тука, моите деца се прилагодија на Англија, па среќни сме и јас сум среќен што ќе продолжам да играм за овој клуб. Не беше тешко да се донесе оваа одлука. Целите се поставени, сакаме сѐ да освоиме, но за такво нешто треба постојано да даваме 100 отсто од себе и да притискаме да бидеме најдобри“, рече Алисон.

Откако дојде во Ливерпул има 57 чисти мрежи од досегашните 130 меча, а даде и еден гол, епскиот со Вест Бромвич Албион за да се стигне до пласман во ЛШ во новата сезона.