Официјално: Алиоски доби нов соиграч од Реал Мадрид (ФОТО)

Лидс денеска ангажираше едно од најголемите засилувања во последните неколку години, а станува збор за поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касилја.

Касилја ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договор на четири ипол години и ќе биде големо засилување во борба за Премиерлигата.

Екипата на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски се наоѓа на лидерската позиција во Чемпионшип-лигата со 54 освоени бодови.

Шпанскиот голман во минатото, освен за Реал, има настапувано уште за Еспањол и Кадиз.