Одложени пет натпревари во француската Лига 1

Минатиот викенд беа одложени четири натпревари од француската елита, а идниот викенд повторно ќе се играат малку натпревари. Лига 1 одлучи да одложи вкупно пет натпревари поради безбедносни причини. 

Во Франција, посебно во Париз изминатите неколку недели се одржуваат насилни демонстрации предводени од т.н. „жолти елеци“. Од Лига 1 не сакаат да ризикуваат ништо па решија да одложат нови пет натпревари од идното коло, кое е на програмата овој викенд.

Повторно е одложен дуел на ПСЖ, овој пат на гостувањето кај Дижон, потоа и натпреварите, Нант - Монпелје, Генган - Рен и Марсеј - Бордо. Натпреварот Каен - Тулуз е одложен за во вторник.

Засега не е познато во кои термини ќе се одиграат овие одложени натпревари.