Одлични вести за Јунајтед: Санчез доби виза и наскоро заминува во Америка!

Алексис Санчез тренираше без остатокот на екипата на Манчестер јунајтед бидејќи неговите соиграчи заедно со стручниот штаб заминаа во САД.

Поради казната од 16 месеци затвор, која претходно му ја изрече шпанскиот суд поради затајување данок, не можеше да оди во САД.

Сепак, Манчестер јунајтед успеа да му обезбеди виза, па поранешниот играч на Барселона и Арсенал наскоро ќе им се приклучи на соиграчите.

„Црвените ѓаволи“ првиот натпревар го играат против Клуб Америка во петок, а Санчез би можел да биде во екипата за средбата со Сан Хозе, кој е на програмата во недела.

Што се однесува до затворската казна, во Шпанија законот вели дека ако некој добие казна до две години, таа всушност е условна.

По дуелите со Клуб Америка и Сан Хозе, Јунајтед ќе се пресмета со Милан, Ливерпул и Реал Мадрид.